Немаше студенти на закажаниот протест на УКИМ, еден присутен ги избрка новинарите велејќи им дека се платеници
На празниот кампус на УКИМ дојдоа новинарски екипи да го проследат настанот, но беа избркани од неколкумина млади луѓе кои извикуваа дека не сакаат настанот да се снима и фотографира и дофрлуваа: „Вие сте платеници, не сакаме новинари“.