Според Бесими јавната потрошувачка го ублажила падот на БДП иако тој изнесува -3,3% во третиот квартал
Падот од 14,9% во второто тримесечје од годинава, кога започна кризата, во третото тримесечје е ублажен на -3,3%, со позитивен придонес на бруто-инвестициите и јавната потрошувачка, за што пак придонесуваат преземените мерки од страна на владата за внесување на ликвидност во стопанството.