Ангеловска-Бежоска: Порелаксираните финансиски услови да се искористат за финансирање иновативни проекти
Монетарната политика во наредниот период ќе остане релаксирана. Притоа, секако, ќе се води сметка за одржување на стабилноста на девизниот курс, ценовната и финансиската стабилност, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и порачува овој период да се искористи за финансирање продуктивни и иновативни проекти