Утврдено законското решение за државната гарантна шема преку Развојната банка, ќе се праќа на усвојување во Собранието
Владата, на вчерашната 25-та седница, донесе одлука да го предложи на усвојување во Собранието Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот во кој се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19