Гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар готова до втората половина на идната година
Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар во должина од 86 километри заклучно со септември е реализирана на ниво од 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година,вклучувајќи ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен