Бесими најави предвидливост во даночната политика и задржување на данокот на добивка на 10 отсто
Предвидливост во даночната политика – задржување на данокот на добивка од 10 отсто во следниот четиригодишен период, даночни бенефиции за извозниците преку нов закон за ДДВ, повластени стапки од 5 отсто за земјоделски производители и занаетчиите и подигнување на прагот за ДДВ обврзник на три милиони денари од 2022 година, најави министерот за финансии Фатмир Бесими за стопанството во својот четиригодишен мандат