Народната банка една од институциите со најсилен капацитет, банкарскиот систем стабилен, оценуваат поранешни членови на Советот на НБ
Народната банка е една од институциите со најсилен капацитет. За банкарскиот систем не може да се даваат паушални и субјективни оценки, бидејќи за таа цел постојат објективни, релевантни и меѓународно прифатени мерила и стандарди,оценуваат универзитетските професори по економија и поранешни надворешни членови на Советот на Народната банка, Александар Стојков и Сашо Арсов.