„Еуростандард банка“ под стечај, Костовски најавува тужби до меѓународните институции
Народната банка во средата соопшти дека ја затворила „Еуростандард банка“ АД Скопје, поради неисполнување минимални законски услови за работење, достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака. Главниот акционер во „Еуростандард банката“, Трифун Костовски, од своја страна, најави дека правдата за случајот ќе ја бара надвор од земјава, истакнувајќи оти за тоа има легитимно право, бидејќи објективно станува збор за странска инвестиција