Комората на сметководители донираше за ресторанот „Амбрела“
Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори продолжува со организираните акции за практикување општествена одговорност во услови на пандемија. Со симболичен гест, денеска, во знак на официјален почеток на долгорочна соработка, донираше за ресторанот „Амбрела“, кој од отворањето креира успешна приказна, рушејќи ги бариерите и поместувајќи ги границите вработувајќи лица со попреченост