Шведска поддршка за економско јакнење на земјоделците и другите ранливи заедници во услови на КОВИД
Зголемена неизвесност и невработеност, ограничена достапност на сезонска работна сила, нарушување на синџирите на обезбедување и пристап до храна, како и отсуство на директни мерки за поддршка на малите производители за справување со сиромаштијата, се клучните предизвици со кои ќе се соочи македонското земјоделство поради коронакризата