Туристичките агенции повторно апелираат до Владата за помош, очекуваат катастрофална сезона
И покрај отварањето на границите, туристичките агенции од земјава велат дека за нив оваа сезона ќе биде многу тешка. Со оглед дека од јули треба да почнат со работа, уште еднаш бараат помош од државата. Поддршка, сметаат, треба да добијат и превозниците.