„Купувам домашно“ за два дена посетена 3,7 милиони пати
Веб страницата на која граѓаните може да добијат информации дали ќе бидат корисници на Домашна платежна картичка, а која е во функција од завчера, досега имала вкупно 3.745.921 посета, отворена е од 1.129.181 различни уреди, со матичен број проверка направиле 194.192 граѓани, кои и се добитници на картичката, а средствата предвидени од 28 милиони евра, за овие картички веќе се префрлени кај деветте банки кои ќе ги издаваат на граѓаните.