Ќе се кофинансираат семинари, обуки и конференции организирани во домашните хотели
Владата стартува со уште една мерка за поддршка на туризмот преку програмата КОВИД-19. Мерката се однесува на хотелиерите, а предвидува кофинансирање настани кои ќе се одржуваат кај нив: семинари, обуки и конференции. На невладините организации, здруженијата, компаниите и институциите кои ќе ги организираат ваквите настани, ќе им бидат покриени 50 отсто од трошоците.