Клубот на гувернерите со поддршка за економското заздравување за надминување на кризата предизвикана од пандемијата
Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот ја потврдија заложбата за водење политики кои ги поддржуваат ценовната и финансиската стабилност, а дополнително, во рамки на просторот за делување на централните банки, и дадоа поддршка на економското заздравување во времетраење колку што е потребно за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19