ЕЛЕМ: Го префрламе производството на струја од традиционални технологии кон обновливи извори на енергија
Две фотонапонски централи од по 10 мегавати во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК Осломеј, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски