Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во ноември 2019 година се пониски за 0,4 отсто на месечно ниво и за 6,9 проценти на годишно ниво
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во ноември 2019 година, се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 3,7 проценти на годишно ниво
Три угостителски објекти, четири супер маркети, три градежни фирми и триесетина текстилни конфекции се на списокот на невладината „Гласен Текстилец“-Штип, бидејќи на работниците не им исплатиле К-15, или на сметките на работниците им пуштиле од 100 до 6.000 денари наместо максималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор
„Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги пушти во оптек Народната банка
Данокот за добивка е најдобар пример во последниот период за тоа какви ситуации имаме во економијата. Согласно реализацијата на данокот на добивка имаме 24,5 проценти пад на данокот на добивка во однос на планираниот.
Откупот на тутунот тече според динамиката и непречено. Досега се преземени 80 отсто од количествата по досега највисока просечна цена од 222,5 денари, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски при денешната посета на откупниот пункт во прилепскиот Тутунски комбинат
Локални патишта во должина од 270 километри ќе бидат изградени или санирани со проектната документација што 78 општини ја добиваат од Министерство за финансии
Не треба да си дополнителен заменик-министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и каде оди секој денар
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – ноември минатата година, изнесува 6.627.763.000 долари и бележи пораст од 4,2 проценти во однос на истиот период од претходната година.
Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент.