Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво
Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво остануваат непроменети, а на годишно ниво се повисоки за два процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).