Преку алтернативен и вински туризам ќе се привлекуваат туристи
Со промоција на бањски, алтернативен и вински туризам земјава во наредниот период ќе се обиде да привлече што повеќе странски гости. Предвидена е изградба на најмалку две до три велосипедски патеки со сите стандарди, отворање на најмалку една пештера за туристи и воспоставување нови вински патишта во Гевгелиско-валандовскиот, Велешкиот, Штипско-радовишкиот, Кратовскиот, Кумановскиот и Охридско-струшкиот регион.