Македонските компании стануваат се повеќе општествено одговорни и вложуваат во програми што се во интерес на целокупната заедница. Годинава, 23 проценти од компаниите кои аплицирале за националната награда за општествена одговорност, се нови компании
Околу 17.000 земјоделци до 31 декември годинава ќе добијат поврат на персоналниот данок за остварениот приход во 2018 година исклучиво од продажба на примарно производство
Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 месецов со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година, а седница ќе одржи и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот
Маркетинг стратегијата за наградната игра МојДДВ#МојаНаграда во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг агенцијата Меккен.
Како што појаснија, кога фискалната сметка ќе ја скенирате веднаш на екранот ќе се појави дали е добитна, доколку не е ќе добиете едукативна порака за тоа каде се трошат парите на граѓаните и други пораки.
Таа изрази очекување дека во наредниот период ќе имаат повеќе консултации и со трудовиот инспекторат со цел работниците да ги остваруваат своите загарантирани права
Од 15 декември почнува ФинХакатон2:МојДДВ#МојаНаграда, заеднички проект на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој за креирање иновативна маркетинг-стратегија за #МојаНаграда, со цел да се влијае на граѓаните да земаат и да скенираат фискални сметки и со тоа да се намали сивата економија
Тридимензионално мапирање е направено за пет дена на патот Кичево – Охрид, на потег во должина од 18 километри, за потребите на градежната компанија „Гранит“
Ниту еден вработен во државава од овој месец нема да добива плата помала од 14.500 денари