Зголемен бројот на превезените патници во градскиот превоз, намален во меѓуградски и меѓународен
Бројот на превезените патници во градскиот превоз во третиот квартал годинава во однос на тој квартал лани бележи зголемување за 5,7 отсто, во приградскиот превоз за 6,5 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 26,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 12,1 отсто, објави Државниот завод за статистика