Има голем потенцијал за економска соработка со руските компании
Руските компании да влезат на македонскиот пазар, да ги искористат бизнис поволностите што ги нуди земјава, да инвестираат и да реализираат заеднички проекти со македонските партнери во енергетиката, гасификацијата, туризмот, земјоделството, апелира премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое го отвори денешниот Македонско-руски бизнис форум.