Се очекува околу 1,3 милиони туристи да ја посетат Македонија во 2019
Во 2019 година проценуваме дека ќе имаме 3 до 5 проценти зголемување на бројот на туристите и од 5 до 7 проценти пораст на ноќевањата, а очекуваме годинава да имаме околу 1,3 милиони туристи, информираше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој присуствуваше на промоцијата на брендот „Струмица-Ѕвезда под небото“