ЕБОР со кредит од еден милион евра ќе поттикува инвестиции во зелена енергија во земјава
Средствата, како што информираат од ЕБОР, ќе се пласираат во Прокредит банка Македонија, а ќе се користат за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови што создаваат ефект на стаклена градина и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата