Усвоена Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе помеѓу Македонија, Србија и Албанија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе