Охридскиот регион потенцијална локација за идни инвестиции од автомобилската индустрија
За време на посетата, Георгиевски оствари средба со Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“, која има фабрика во Охрид, на која присуствуваше и Мизо. На средбата се разговарало за растот на компанијата во земјава во текот на изминатите три години, за значењето на нејзиниот развој за локалната и регионалната економија, како и за условите за работа и можностите за вработување