Турски стопанственици заинтересирани за инвестиции во земјоделскиот сектор
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска оствари работна средба со бизнис делегација од Турција, предводена од заменик министерот за земјоделство и шумарство, Мехмет Хади Тунк и претседателот на Асоцијацијата на извозници на свежо овошје и зеленчук, Хајретин Учак, која престојува во дводневна посета на државава, соопшти Кабинетот на министерката Апостолска.