Во вториот квартал зголемени трошоците во градежништвото
Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,9 проценти, за материјали се пониски за 0,5 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 7,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика