Заев: Минималната плата може да биде повисока од 13.000 денари
Верувам дека минималната плата во државата може да порасне повеќе од 13.000 денари со легализација на нелегалниот дел, односно преку елиминирање на плаќањето на дел од платата во кеш, но и со помагање од страна на државата преку придонесите за сите кои ќе одлучат да ги зголемат платите на своите работници, порача денеска премиерот Зоран Заев