Домаќинствата од денеска ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија што и досега ги снабдува домаќинствата.
Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од денеска ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.
Граѓаните првпат имаат можност да побараат поврат на 15 проценти од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) откако денеска почна примената на владиниот проект „Мој ДДВ“.
Цените на услугите во роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од утре ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати
Државата цени дека најбрзиот, наједноставниот и најефтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба
Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот.
Гарантираме стабилна цена на струјата во следната година, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска во Собранието одговара на пратенички прашања.
Во првиот презентиран труд, Кочовска ги проценува детерминантите на најниско прифатливата плата кај младите во нашата земја, со акцент на поврзаноста со времетраењето на невработеноста. Податоците коишто таа ги користи произлегуваат од Анкетата за премин од училиште до работа за 2012 и 2014 година, при што е опфатена популацијата на возраст од 15 до 29 години.
Во октомври 2018 година БЕГ поднесе кривична пријава против Топлификација АД и нејзината фирма ќерка Дистрибуција на топлина ДООЕЛ за нанесување штета на имот на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.
Нето надворешниот долг на крајот на првиот квартал годинава изнесува 2.687 милиони евра, или 23,8 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 40 милиони евра (раст од 1,5 проценти)