После низа одложувања, пуштен во употреба автопатот Миладиновци - Штип
Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, денеска е пуштен во употреба. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.