Законот за трговија на зелени пазари и грантови за иновации на седница на Владата
Владата денеска на седница, по барање на Собранието, треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка. Ќе одлучува и за информацијата со правилник за инструментот за поддршка-кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со предлог-одлука, соопшти владината прес-служба.