Трошоците на живот лани зголемени за 1,5 отсто, а цените на мало за 2,7
Индексот на трошоците на животот во 2018 година има пораст од 1,5 отсто, а индексот на цените на мало пораст од 2,7 отсто во споредба со 2017 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на цените на мало 99,5.