Jаневски: Во Македонија годинава престојувале 13,1 отсто повеќе туристи
Во периодот од јануари до октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 13,1 отсто и тоа кај домашните туристи зголемувањето изнесува 14,1 отсто, а кај странските 12,5 проценти. Ова денеска го изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ (АППТ) на прес-конференција во Скопје.