МФ: Сет од 10 крупни реформи ги подобрија јавните финансии во 2018 година
Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречување перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг, во 2018 година има значително подобрување во јавните финансии во земјава, соопштуваат од Министерството за финансии.