„Гепластик“ наредната година ќе го освојува странскиот пазар
Фабриката „Гепластик“ од Гевгелија е лидер во производство на пластични гајби во Република Македонија. Нејзините 25 вработени лица годишно произведуваат од 400 до 500 тони пластична амбалажа за алкохолни и безалкохолни пијалоци за потребите на големите брендови како Хајнекен, Амстел, Скопско, Пелистерка,Тиквеш и уште многу други, изјави Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер во фирмата.