Две понуди доставени за Универзален снабдувач, од ЕЛЕМ и ЕВН
Комисијата за спроведување на постапката за избор на Универзален снабдувач со која претседава академикот Глигор Каневче, денеска, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15:00 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.