Азески: ЦЕФТА договорот е мртов, Македонија да се фокусира на индустријата, извозот и соработката
Регионот сам и испраќа сигнал на Европката унија дека не е за таму каде што тргнал. Ова што се случува сега со Косово, Србија и Босна е катастрофа. ЦЕФТА договорот е мртов, тоа само треба да се констатира. Наместо да ја интензивираме размената со соседите, остваруваме суфицит со земји како Германија, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.