Речиси 1,4 милиони физички лица и над 100.000 компании имаат некакви обврски во кредитното биро
Близу милион и четиристотини илјади граѓани и над 100.000 компании имаат обврски по основ на кредити, акредитиви, заеми, обврски, по основ на неплатени сметки од јавните комунални преторијатија, телекомуникации даноци, продонеси а кои се во базата на Македонското кредитно биро. Од наредната година ќе биде вклучен и податокот за блокирана сметка, а ќе почнат и со изработка на кредитно рангирање, како и вклучување на обврските што некое физичко лице или претпријатие ги има кон општините.