Пициорлас: Договорот од Преспа го сврте меѓународниот интерес кон нас, економски да го искористиме
Поради Договорот од Преспа, вниманието на меѓународната заедница е насочено кон регионот, а ова е нашата шанса, што треба да ја искористиме и заедно да се обидеме да го привлечеме интересот на инвеститорите, порача алтернативниот министер за економија и развој на Грција, Стергиос Пициорлас на почетокот на министерскиот состанок во Солун.