Голем интересот за германски инвестиции, Македонија нема квалификуван кадар
Македонија е еден од главните столбови на економската стратегија на Германија, германските компании сакаат да дојдат тука, но мора да се инвестира во образованието за да се обезбедат доволно квалификувани кадри, рече директорот на Одделот за проширување на ЕУ во германското Министерство за економија, Хелге Толксдорф на денешната прес-конференција во Владата.