Јаневски: Туризмот во Македонија во добра кондиција, треба да се работи на квалитет
Туризмот како стопанска дејност во светски рамки учествува со просечно десет проценти во Бруто домашниот производ (БДП) на секоја економија. Секое деветто вработување е во областа на туризмот, а токму со својата моќност како економска гранка туризмот секоја година ги урива рекордите и парадоксите, како и предвидувањата дури и на најопстимистичките експерти во областа.