СОНК: Зголемување на платите од пет осто од 1 јануари, а не од септември 2019.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК се залага зголемувањето на платите од пет осто во овие дејности да биде од први јануари, а не од септември 2019 година. Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков.