Предлог-буџет за 2019: Приходите 210.8, расходите 228.5 милијарди денари, раст на БДП од 3,2 отсто
Вкупните приходи во државната каса во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна презентација на Предлог-буџетот за следната година пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите.