Извлекување на ранливите категории од сиромаштија – приоритет на новиот систем за социјална заштита
Зголемување на износот на социјалната парична помош односно воспоставување на гарантиран минимален доход, јакнење на капацитетите на центрите за социјална работа, развој на социјални услуги на локално ниво, зголемување на опфатот на корисници на детски и образовен додаток со цел извлекување на ранливите категории од сиромаштија, се приоритетите на новите законски решенија во областа на социјалната и детската заштита.