Трошоците на живот во октомври повисоки на годишно ниво за 1,5 отсто
Трошоците на живот во октомври 2018 бележат пораст од 0,3 отсто во однос на септември, а во однос на октомври лани 1,5 отсто. Цените на мало, пак, забележале раст од 0,4 отсто во однос на септември годинава, а во однос на октомври лани 2,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.