Средба на Заев со делегација од Европската федерација на банки за храна
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Заев изрази поддршка, од лично и од име на Владата за ентузијазмот и активизмот, кој, рече, е силна порака за солидарност, помирување и споделување, не само декларирана туку и манифестирана на дневно ниво.