Анѓушев во посета на стопанските капацитети во Свети Николе
Владината мерка за месната индустрија, со која се ослободуваат од царина за одредени суровини, кои ги користат во процесот на производство ги даде своите ефекти, забележа при денешната посета на МИК - Свети Николе, вицепремиерот, Кочо Анѓушев. Бројките кажуваат дека со оваа владина мерка производството во месната индустрија се зголемило за 30 отсто, а извозот на производите за 60 проценти.