Се модернизира трафостаницата „Дуброво“, инвестицијата 4,6 милиони евра
МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“, при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година. По тој повод во работна посета на „Дуброво“ денеска беа министерот Горан Сугарески, генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, претседателот на Управниот одбор на МЕПСО Борко Алексоски, членови на Управниот одбор на МЕПСО.