Амир Ќаили од Грушино пример за успешна ИПАРД приказна
Нова, современа механизација што ќе му го олесни производството и ќе му ги намали трошоците, набавил земјоделецот Амир Ќаили од скопското село Грушино со средства од ИПАРД 1. Преку европските фондови добил околу 5.000 евра, а денеска го потпиша и новиот договор, од ИПАРД 2, вреден 21.000 евра со кој планира да инвестира во трактор, приколка, мал плуг, атомизер и валјак.