Николовски: Со влезот во НАТО и ЕУ македонското вино добива европска етика и сигурен пласман
Со влезот во НАТО и Европската унија, нашето вино добива европска етика, субвенциите кои сега ги исплаќаме за лозарите и коишто се повисоки ќе доаѓаат директно од буџетот на ЕУ, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на вчерашната трибина во селото Марена, општина Кавадарци.